Топ вести: Вујо и Катарците стигнаа во Хрватска, Крим најде нов тренер...

Веселин Вујовиќ веќе го однесе тимот на Катар во Хрватска. Тие се на подготовки во Пореч, каде што се спремаат за настап на мундијалот. Катарската репрезентација ќе игра во Загреб на СП во група со Франција, Австрија и Кувајт. Потоа ако се пласира во Главната рунда ќе се пресели во Вараждин и ќе стане противник на Македонија во Главната рунда.

Бундеслигашот Фуксе Берлин го ослободи од обврските шведското крило Јери Толбринг и тој ќе се пресели во екипата на Рибер Есбјерг од Данска. Јери Толбринг и неговата девојка, светски познатиот ас Нора Морк го чекаат своето прво дете и ќе живеат во Данска, поради што шведскиот ас реши да го побара овој трансфер.

Поранешната ракометарка на Вардар, Норвежанката Камила Херем (38) објави крај на репрезентативната кариера по освојувањето на златото на ЕП. Таа е репрезентативка од 2006 година и има рекорден број на настапи на ЕП/СП/ОИ кобинирано (20 настапи) во норвешкиот тим со безмалку 350 појавувања во националниот состав.

Данскиот тренер Николеј Крицкау кој доби отказ во екипата на Флензбург им изјави на данските медиуми дека има(л) и одбил понуди од големи клубови дури и подобри договори отколку што имал во Флензбург.

Шпанскиот тренер Амброс Мартин е назначен за нов тренер на љубљански Крим. Овој стратег во два наврата беше тренер на Ѓер, беше селектор на Романија и на Русија, а последно каде што и сѐ уште работи на клупата на Шпанија.

Машката репрезентација на Израел во квалификациите за ЕП 2026 ќе игра против репрезентацијата на Романија. Бидејќи Израел не може во својата земја да ги игра натпреварите, домаќин на Романците ќе им биде во Краљево, Србија.







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk