Уште еден врвен играч објави крај на кариерата

Еден од најкорисните и најпотценетите дански ракометари, Хенрик Мелгард објави разделба со Алборг и крај на ракометната кариера на крајот на сезонава.

Мелгард (39) е поранешен ракометар на ПСЖ, Скјерн... Во ерата на големиот подем на данскиот репрезентативен ракомет, Мелгард имаше многу важна улога за репрезентацијата. Уште под водство на Улрик Вилбек, беше користен како катализатор на транзицијата. Тој е врвен дефанзивец, но мошне добро се снаоѓа и во напад, па имаше задача да го води првиот бран на нападот и доколку го „види“ голот да шутира. Доколку првиот бран е запрен, излегуваше од играа, а влегуваше Микел Хансен на пример или други подобри напаѓачи, а послаби дефанзивци. Подоцна Мелгард стана целосно се вклопи во системот, стана комплетен играч во два правца и уште се држи одлично и ги врзува нападот и одбраната и покрај возраста.

Foto: Wenflou

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk