РФМ закажа состанок на УО

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија ќе одржи состанок на 23 декември на кој главната тема ќе бидат извештаите на селекторите на сите наши репрезентации за сработеното во 2024 година. Отчет ќе даде и тренерската организација, ќе стане збор и за барањето на судиите и делегатите за повисоки такси за натпреварите.
Тоа се накратко точките на дневен ред за кои ќе се дискутира и со кои ќе се заокружи работата на актуелното раководство на Ракометната федерација пред кое стои само уште еден голем предизвик, а тоа е настапот на македонската сениорска репрезентација на Светското првенство во Хрватска во јануари 2025.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk