Охрид „киксна“ во Кавадарци, Пролет „киксна“ во Велес

По победата од 20 голови разлика (40-20) на првото одмерување на силите со екипата на ГРК Тиквеш, се чинеше дека нема да има проблем за охриѓани и на реваншот во Кавадарци да повторат партија доволна за победа.
Но, колку работи се променија од тогаш досега, како се променија па силите вечерва во Кавадарци не само што беа израмнети, туку охриѓани со два последни гола успеаја да искубаат бод од незгодниот противник и дополнително да заостанат зад водечкото трио. Конечниот резултат е 26-26, последен водеше Тиквеш (26-24), а за кавадарчани и ова би требало да биде позитивен исход во трката за место во Плејоф.
Крупен чекор кон Плејаут вечерва направи екипата на Тинекс Пролет која одигра нерешено на гостински терен во Велес, кај аутсајдерот Бисинов Фрутленд.

Иако скопскиот тим важеше за фаворит, а го имаше и расположен за игра бекот Мохамед Бакар (12 гола), некако среќата постојано им го врти грбот последните два месеца и на крајот не успеваат да ја комплетираат замислената агенда. Ова беше нивниот четврти нерешен резултат сезонава. 
Велешани од друга страна водат интересна трка во долниот дел од табелата за пренесување на бод повеќе во Плејаут. Вечерва предводени од Ивица Илиев и Тоше Ончев стигнаа до голем бод. Конечниот резултат од овој меч е 25-25, последен водеше тимот на Т. Пролет.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk