Македонски печат во Куќата на славните

Индира Кастратовиќ денеска е примена во Куќата на славните на ЕХФ и Македонија сега има двајца претставници во ова најелтино друштво.
Минатата сезона во првиот избор на членови во Куќата на славните влезе Кирил Лазаров.
ЕХФ вечерва организира гала прослава на која се поканети голем број ракометни работиници и избира најдобри постави, млади играчи, тим на сезона итн.
Круна на целиот настан е кооптирањето на нови членови во Куќата на славните меѓу кои е и Индира Кастратовиќ.
За кариерата на Инди нема потреба да се трошат зборови, таа беше локомотивата што го влечеше напред македонскиот женски ракомет со години, крунисана со шампионска титула на клупски и титула најдобар стрелец на СП индивидуално и на репрезентативно ниво.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk