Пет држави ќе организираат две Европски првенства

Една од поголемите одлуку што го донесе Извршната комисија на ЕХФ е доделувањето на организацијата на машките ЕХФ Еуро 2030 и 2032 година.
Хрватска сама конкурираше за двете ЕП, а ривали за 2030 и беа Чешка, Полска и Данска со заедничката кандидатура, додека за ЕХФ Еуро 2032 покрај Хрватска, конкурираа заеднички Германија и Франција.
Хрватите ги загубија двете трки.
Машкото ЕП во 2030 ќе се одржи во Чешка, Полска и Данска.
Машкото ЕП во 2032 ќе се одржи во Германија и Франција.
За женското ЕП 2030 немаше кандидатури туку ЕХФ бара домаќини без конкурс. Женското ЕП во 2032, пак, ќе го организираат Германија, Данска и Полска.


Машкото ЕХФ Еуро М18 (кадети) во 2026 година ќе се игра во Србија, а машкото М20 (јуниори) истата година ќе се игра во Романија.
ИК на ЕХФ ги разгледуваше аплицкациите на Ц. Гора, Македонија, Србија и Романија и реши да ги додели организациите на Србија и Романија.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk