Оскар Бергендал го пропушта СП!

Иако не се комплетирани сите дијагностички прегледи, сите знаци упатуваат на тоа дека шведскиот ракометар Оскар Бергендал, пивотот на Магдебург ќе биде долго надвор од терените. 
Бергендал го повреди скочниот зглоб на бундеслигашкиот натпревар со Гумерзбах и најверојатно ќе биде надвор од терените во следните три месеци. Оваа информација ја објави неговиот клуб Магдебург на својата официјална веб страна. 
Бергендал го пропушта и Светското првенство во Норвешка, Данска и Хрватска. 

Фото: SC Magdeburg

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk