Денеска е ден за големо дерби, Вардар гостува во Битола

Екипите на Пелистер и Вардар денеска ќе се сретнат во Битола на дерби меч од претпоследното коло во машката Суперлига во 2024 година.
Ова е натпревар што предизвика големо внимание во Битола и билетите за натпреварот се продадоа за рекордно време, па трибините во „Боро Чурлевски“ ќе бидат преполни за оваа втора пресметка меѓу големите ривали.

Првиот натпревар од есенската фаза на шампионатот се играше во Скопје, а Вардар победи на тој натпревар со 27-24, па границата од три гола е долната граница за битолчани кои треба да водат сметка дека имаат и висок пораз од Алкалоид во есенскиот дел и секој гол ќе им биде важен доколку се исполнат очекувањата на крајот од оваа фаза да се формира мини табела меѓу Алкалоид, Вардар и Пелистер со која преку гол разлика ќе се формира конечната табела и распределбата на бодовите за Плејоф шампионатот што ќе следи од март.

Двата тима со нови тренери го чекаат денешниот меч при што Гиљермо Милано нема пораз откако дојде на кормилто на Вардар, а притоа се сретна со сериозно противници како Алкалоид и Мелзунген. Подобрување во играта има и кај битолчани под водство на Раул Алонсо, па ова ќе биде убава можност да видиме како ќе изгледаат и еден против друг во однос на претходниот дуел, а следствено ќе можеме да споредуваме и кога ќе дојде ред да играт меѓусебе и во Плејоф.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 18:00 часот, а натпреварот ќе може во живо да се следи и на ТВ каналот на МТВ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk