Зелено светло за У18 Лига на шампиони

Финалниот викенд на Европските првенства е традиционално времето и местото на кое Извршната комисија (ИК) на ЕХФ носи битни одлуки за спортот во целина, а женското ЕП во Виена нема да биде исклучок од правилото.
ИК на ЕХФ вклучи зелено светло за следнава сезона да се одржи турнир во кадетска конкуренција што ќе биде мини верзија на Лигата на шампионите.
Ќе бидат формирани четири групи со по четири екипи на возрас до 18 години. Победниците на овие турнири ќе настапат во Келн како предигра на „Ф4“ во Лигата на шампионите. Предвидено е финалето да се одигра во Ланксес Арена пред мечот за 3/4 место.
Правото први да учествуваат на ова натпреварување ќе го имаат У18 тимовите на актуелните учесници во Лигата на шампионите. Во случајот на Македонија, тоа ќе биде екипата на РК Еурофам Пелистер.
Според ЕХФ У18 се кадетски екипи, но во Македонија, У18 односно Генерација 2006 и помлади играат во младинска конкуренција, а кадетите се 2008 и помлади.
Од 2026 планирано е вакво натпреварување да се воведе и за екипи од женска конкуренција.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk