Алкалоид со два бода се враќа од Прилеп

РК ПРИЛЕП - РК АЛКАЛОИД  30-40 (13-18)
Сала: „Ристе Ристевски Ричко“ во Прилеп. Судии: Сашко Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Васил Чавдаров
РК ПРИЛЕП: Ангелески, Тренчевски 6, Кастратовиќ 2, Рајатовски 2, Адамчески 3, Бикоски, Ивчески, Илиески 5, Органџиев 2, Бурчески, Цветаноски 7, Христоски, Левани, Квастек 3, Трајкоски, Трајчевски
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин. 
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Трајкоски, Џонов 4, Петров 1, Маркоски 1, Младеновиќ 2, Серафимов 2, Стојковиќ 3, Митев 1, Ѓоргиев 5, Велковски 2, Бинго 3, Франциско 3, Петковски 9, Савревски 4
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 8 мин.

Алкалоид победи на гостувањето во Прилеп на првиот натпревар од 14 коло, претпоследно во 2024 во македонската Суперлига.

Актуелниот лидер на табелата со 10 гола позитива се враќа во Скопје, каде што ќе чека до среда за последниот меч во 2024 и заслужениот зимски одмор.
Вечерва во Прилеп, гостинскиот состав во раната фаза од натпреварот поведе со четири гола разлика (7-3), а потоа со мали осцилации, таа разлика се движеше од два до четири гола се до резултат 8-12. Потоа Алкалоид уште еднаш имаше подобар период од домаќинот и поведе со шест гола разлика (16-10), а на полувреме беше 18-13.

Во сличен ритам се одигра и второто полувреме. Алкалоид водеше со 6-8 разлика во текот на целиот втор дел, а конечно средбата да заврши двоцифрено 40-30 во полза на гостите.










 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk