Прилеп и Алкалоид први на терен во поретпоследното коло

Со натпреварот што вечерва ќе го играат екипите на Прилеп и Алкалоид (19:30) почнува претпоследното коло во македонската Суперлига за 2024 година.

Лидерот на табелата ќе гостува во Прилеп и за очекување е да ја запише својата 19 победа од вкупно 20 натпревари од почетокот на сезоната и да се подготвува за последниот меч во 2024, против Тиквеш на домашен терен во следното коло.
Трката на Прилеп за место во Плејоф ќе продолжи без оглед на исходот од денешниот натпревар, а за очекување е да пружат добар отпор и да се борат за изненадување.

Тековното коло, својот врв ќе го достигне утре, кога во Битола ќе се сретнат екипите на Пелистер и Вардар.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk