Хрватска на СП без Карачиќ, Јагањац, Шарац...

По Европското првенство во Германија, поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ го нема ниту на списокот на ракометари за настап на Светското првенство што Хрватска ќе го игра на домашен терен.
Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон го објави скратениот список, кој и не е многу скратен ако се земе предвид дека 25 ракометари се повикани, а таму покрај Игор Карачиќ го нема ниту поранешниот играч на Металург, Халил Јагањац кој се врати на терен, но нема да биде спремен за настап на настан каков што е мундијалот.
Каква е конкуренцијата во Хрватска, кажува и податокот дека од списокот на повикани уште во првиот круг испаднаа играчи како Јосип Шарац (Гепинген), потоа Фран Милета (Нексе), Патрик Мартиновиќ (AEK/Кадетен), Прибетиќ итн.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk