Европските првенства во сабота ќе добијат домаќини

Традиционално на последниот викенд од Европските првенства се состануваат различни комисии и носат одлуки за иднината на ракометот што имаат големи влијанија.
ЕП во женска конкуренција нема да биде исклучок, ќе има Извршната комисија што да работи, а тема број еден ќе биде доделувањата на организацијата на Европските првенства во 2030 и 2032.
Домаќини на машките ЕП во 2026 се Шведска/Данска/Норвешка, а во 2028 Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Кандидати за домаќини во 2030 се Хрватска како самостојна и Чешка/Полска/Данска.
Кандидати за домаќини во 2032 се Хрватска како самостојна и Германија/Франција.

Домаќини на женското ЕП 2026 се Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција, а во 2028, по којзнае кој пат – Шведска, Данска и Норвешка.
Извршната комисија на ЕХФ има мандат да најде домаќин на женското ЕП 2030 година.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk