Шведска стиска палци за Бергендал

Не минаа ни два дена откако го објави скратниот список на репрезентацијата, следеше шок за новиот селектор на Шведска, Микаел Апелгрин.
Магдебург го совлада тимот на Гумерзбах во последното одиграно бундеслигашко коло, но победата на актуелниот првак беше засенета со повредата на шведскиот пивот Оскар Бергендал. Тој незгодно доскокна по дуелот со противничкиот бек Јулијан Костер, го превитка зглобот на левата нога и беше веднаш изнесен од салата следен со гласна поддршка од трибините.
Сѐ уште нема информација околу сериозноста на повредата и дали е доведен во прашање настапот на Светското првенство во јануари, но на прв поглед не се работи за наивна повреда.

foto: SCM Magdeburg








 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk