По комплетирањето на денешното коло на женското сениорско ЕП доволно е познат е распоредот за да можеме да ги составиме квалификациските шешири за бараж дуелите за пласман на СП 2025 што ќе се игра во Холандија и Германија.
Репрезентациите на Норвешка, Данска и Унгарија ќе се пласираат директно на СП 2025, а истото важи и за Франција, Германија и Холандија.
Тоа се шесте репрезентации што на СП ќе одат директно без квалификации, а Европа има уште слободни места 11 места, а за нив ќе се играат бараж квалификациите.
Македонија како 18 пласирана на тековното ЕП ќе биде во вториот шешир. Нерешениот дуел меѓу Македнија и Турција на крајот двете репрезентации ги испрати во вториот шешир, а од целата ситуација профитираа Фарски острови и станаа најпосакуваниот противник за сите екипи од вториот шешир.
Поделбата на носителите ќе биде извршена вака:
ПРВ ШЕШИР:
Шведска, Црна Гора, Полска, Романија, Словенија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд и Фарски острови.
ВТОР ШЕШИР:
Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Литванија, Косово, Израел и Италија.
Ждрепката за плејоф баражите ќе се одржи во недела, на 15 декември во Виена.
Информацијата за распределбата на носителите во квалфикациите опишана во текстот се базира на пресметките на G-SPORT и не е официјално потврдена од Светската ракометна федерација.
Поврзани вести