-
11.12.2024
-
Вести, Планета ракомет
Селекторот на машката репрезентација на Франција, Гијом Жил, не се откажува од настапот на Дика Мем на претстојното Светско првенство. Иако бекот на Барса е повреден, тој се најде на списокот на 18 играчи за почетокот на подготовките за СП закажани за 21 декември.
На списокот не се Тео Монар, Кентан Мае, Тимоти Н’Гесан, Елоим Пранди, Валентин Порт...
Една од најтрофејните ракометарки на Црна Гора, Милена Раичевиќ (34) објави дека ја завршува кариерата. Таа е на ЕП, но се повреди уште во првото коло и подоцна во игра влезе само на дуелот со Шведска и тоа за да изведе седмерец.
Ракометарката на Данска, Елма Халилчевиќ (24) на тековното ЕП една од подобрите репрезентативки на скандинавскиот тим. Родена е во Данска, но е со потекло од Сребреница, БиХ. Таа своевремено добила понуда за настап за БиХ, но како што пишуваат медиумите во БиХ, спуштила слушалка и не сакала да слушне за таа опција.
Дејан Милосављев (Фуксе Берлин), Милан Јовановиќ (Војводина), Андреа Лекиќ (Ференцварош) и Уна Обреновиќ (Железничар) се одбрани за најдобри ракометари во Србија во изборот што го организираше Моцарт Спорт.
Хенрик Пекелер, еден од столбовите на одбраната на Кил мора на операција. Пекелер има повредена тетива на палецот на раката и хируршката интервенција е неизбежна, а паузата ќе биде неколку недели. Со ова друштвото на повредени играчи на Кил во кое се наоѓаат уште Елефсен а Скипаготу, Никола Билик и Тобијас Рајхман, доби нов член.