Рекордно брзо распродадена салата во Битола!

Актуелниот првак на Македонија, екипата на Еурофарм Пелистер денеска информираше дека билетите за натпреварот со Вардар 1961 се продадени во рекордно време од само седум минути по пуштањето во продажба и скопскиот тим ќе го чека препознатливиот пекол од трибините. 
Големата заинтересираност не е нешто за чудење, Битола цела сезона има голема посета на натпреварите од Лигата на шампионите, но дуелите со Вардар секогаш се посебни, а годинава и резултатската неизвесност во првенството само ја зголеми заинтересираноста за овој натпревар.
Дербито ќе се игра во сабота со почеток од 18:00 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk