Големото дерби за Начевски и Николов

Последното големо дерби во 2024 година ќе се игра во Битола во сабота. На актуелниот првак Пелистер му гостува екипата на Вардар, непоразена откако на клупата е Гиљермо Милано.
Овие два тима несомнено ќе бидат дел од водечката тројка на крајот на Прелиминарниот дел од првенството, но прашање е која екипа колку бодови ќе пренеса во Плејоф шампионатот. Засега Алкалоид е во најдобра позиција, но и Кирил Лазаров исто како и Вардар има гостување во Битола. Пелистерци се во моментов трети во оваа конкуренција, но ќе имаат шанса домашниот терен да го искористат за да надополнат за двата пораза во Скопје.
Дербито во Битола ќе се игра во сабота од 18:00 часот, а судии на натпреварот ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегати на овој натпревар, пак, ќе бидат Марјан Начевски и Драган Начевски.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk