Браќата Симонет нема да играат на СП!

Репрезентацијата на Аргентина ќе биде значително ослабена на Светското првенство на кое тие ќе играат во Загреб против Хрватска, Бахреин и Египет.
На скратениот список на селекторот Родолфо Јунг што аргентинската федерација го објави ги нема нивние најдобри играчи, браќата Диего Симонет од Монпеље и Пабло Симонет од Бенидорм.
Тие од лични/приватни причини нема да бидат дел аргентинскиот состав на претстојниот мундијал.
Родолфо Јунг во тимот го повика Томас Кањете, ракометар на италијанскиот Бриксен, следниот противник на Алкалоид во ЕХФ Европскиот Куп.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk