Репрезентацијата на Норвешка им се приклучи на Германија, Холандија (домаќини), Франција (светски првак) и Унгарија кои ќе настапат на СП 2025 без да играат квалификации. Норвешка, исто како и Унгарија со пласманот во полуфиналето како и да завршат тие два меча, ќе биде една од трите најдобропласирани екипи што немаа директен пласман досега.
Последниот патник на СП без да игра квалификации ќе го дознаеме откако ќе биде комплетирано последното коло. Ако Данска игра против Холандија и ако победи или одигра нерешено, ќе се пласира во полуфиналето и тогаш тие ќе бидат директните патници.
Но, ако Холандија победи на таа средба, тогаш за последното место што носи директен пласман на СП 2025 ќе играат Данска против најдобропласираниот од триото Романија, Шведска или Црна Гора.
Photo:
Wenflou