Падна и Спортинг, Талески влегува во ритам

Заврши комплетната доминација на Спортинг во Португалија и беше прекината серија од 10 победи по ред над Бенфика на актуелниот првак.

По џиновските победи на почетокот на сезоната кои вклучија и победа од 15+ над Бенфика, стигна данокот што треба да го платат зелено белите. Спортинг е поразен на гости кај Бенфика со 34-38, откако на почетокот на натпреварот водеше со 8-2, а подоцна и со 13-7.
Бенфика се консолидираше намали на 14-16 во првиот дел, а во вториот комплетно се распадна играта на Спортинг и прими дури 24 гола. Домашните израмнија на 23-23, а потоа го преземаа водството и на крајот славеа голема победа.
Македонскиот интернационалец Филип Талески беше стрелец на три гола на овој меч и следствено минатите дуели веќе го зазема своето место во тимот и да игра поважна улога.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk