Последно СП за Домагој Дувњак

Светското првенство што ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска во јануари 2025, а на кое ќе учествува и македонската репрезентација ќе биде посебно и последно за легендарниот играч на Хрватска, Домагој Дувњак. 
Домагој Дувњак (36) по завршувањето на мундијалот, ќе се збогува со дресот на репрезентацијата за која игра од 2006 година и има околу 250 официјални настапи и над 700 постигнати голови. 
Дувњак во моментов е ракометар на Кил за кого игра 10 години. Најавата дека ова ќе биде неговиот последен настап за Хрватска ја споделија и од ХРС и од ИХФ. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk