Се продаваат лажни автограми од познатиот тренер

Некогашната гол машина од Исланд, Гудјон Валур Сигурдсон е познат и популарен во Германија и успешен е и како тренер. Тој го презема второлигашот Гумерзбах во 2020, го врати во најсилната лига и во процесот беше прогласен за најдобар тренер во сезоната 2022/23. Гумерзбах успешно игра и во ЕХФ Европската лига, а моментално е седми во Бундеслигата.
Славата на Гудјон Валур Сигурдсон, „некој“ се решил да ја претвори во пари за себе. Креирани се лажни профили на Сигурдсон на Фејсбук и преку нив се продаваат лажни автограми од исландскиот тренер. Бројот на измамени фанови не бил мал.
Сигурдсон и клубот се обидуваат да ги остранат профилите и покренале законска постапка, но како што самиот изјави поминале денови, а проблемот не е решен.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk