Познат играч доаѓа кај Миркуловски

Бундеслигашот Вецлар, клуб каде што прв асистент на тренерот на екипата е македонскиот тренер Филип Миркуловски, би можел да добие големо засилување.

Според пишувањето на Билд, поранешниот играч на Кил, Келце, Магдебург, Мелзунген и поранешен репрезентативец на Германија, десното крило Тобијас Рајхман (36) би требало да го облече зелениот дрес. Рајхман во моментов настапува за екипата на Фуксе Берлин. 

Вецлар сезонава има освоено осум бода и е една од шесте екипи што се борат за избегнување на последните две места на табелата. Не би требало да биде доведен во прашање опстанокот во најсилната лига, затоа што последен и сѐ уште без бодови е Потсдам каде брани Мартин Томовски, а Штутгарт има двојно помалку бодови од Вецлар, три бода помалку има и Ерланген, а по осум имаат и Гепинген и Битенхајм.


фото: MT Melsungen

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk