Тајм аут во последна минута, непочитување или...

Норвешкиот селектор Торир Хергирсон побара тајм аут во последната минута од натпреварот од женското ЕХФ Еуро меѓу Норвешка и Холандија и тоа во момент кога неговиот тим водеше со 10 гола разлика.
Ваквиот потег на Норвежанецот го разлути селекторот на Холандија кој реагираше на социјалните мрежи:

„Немам зборови за вакво непочитување на противникот. Норвешка имаше +10, сите играчи добија шанса да играат, а тој сепак бараше тајм аут на минута до крајот“, напиша Пер Јохансон.

Во суштина ваков потег е сосема регуларен, особено ако се работи и за зачувување на гол разлика, ако предноста е не е преголема, подготовка на тимот за играње против пресинг, пробување на акција во последна минута и други бројни примери и тука нема ништо спорно.
Но, за жал најчесто значи токму тоа што го напиша селекторот на Холандија – непочитување на противникот, особено би издвоиле непочитување на едниот тренер кон другиот.
Сме виделе случаи и кога ваков потег предизвикувал бурни реакции и водел кон директна кавга меѓу тренерите.
Подвлечено, ваквиот потег во принцип кажува многу повеќе и тоа не добри работи за тренерот што го побарал тајм аутот откако што кажува за тренерот и за поразениот тим.








 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk