Унгарија е прв полуфиналист, ќе игра за медал на ЕП

foto: MKSZ

Женската репрезентација на Унгарија, еден од домаќините на тековното Европско првенство, стана првата репрезентација што обезбеди пласман во полуфиналето на ЕХФ Еуро.
Унгарија вечерва славеше победа над Романија и со осум освоени бодови од четири натпревари што се бројат во Главната рунда стана недостижна за Црна Гора која во теорија може да освои осум бода, но има пораз од Унгарија во директниот дуел.
Вечерва шанса да се пласира во 1/2 финалето има и Франција ако победи на дуелот со Шведска. Ако се случи тоа, тогаш Унгарија освен пласман во 1/2 финалето уште вечерва ќе може да прослави и директен пласман на следното Светско првенсво што ќе се игра во Германија и Холандија следната година.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk