Стојановиќ и Тримо не слушаат хитови

Големо дерби се играше викендов во Словенија. Новиот хит во словенечкиот ракомет, екипатана Слован, во улога на лидер на табелата пристигна во Требње, на гости кај екипата на Тримо предводена од македонскиот тренер Раде Стојановиќ.
Натпреварот освен карактеристиките на дерби, носеше и уште една занимливост, а тоа беше враќањето во Требње на Урош Зорман. Тој минатата сезона беше на клупата на Тримо, а годинава го води новиот хит проект.
Но, Раде Стојановиќ и Тримо не слушаат хитови, па Слован во Требње мина како бос по трње. Уште од почетокот домашните преземаа комплетна контрола, поведоа со неверојатни 10-3 и потоа го водеа мечот кон победа од 34-24 (22-11).
Ова беше четврта победа по ред на Тримо кој се искачи на третото место зад Слован и од денеска новиот лидер, Целје Пивоварна Лашко.

foto: RK Trimo Trebnje

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk