Топ вести: Втор пад на Војводина, Вецлар доби судска битка...

Шведското крило Јери Толбринг бара клуб во Данска каде би се вратил следната сезона, пишуваат данските медиуми. Јери Толбринг е играч на Фуксе Берлин, а причините за неговото враќање во Данска се семејни, неговата девојка е бремена и очекуваат прво дете.
Девојката на Толбринг е светскиот познатиот ракометен ас – Нора Морк.

Партизан по втор пат ја совлада Војводина во српскиот шампионат и сосема извесно ќе го освои првото место во регуларниот дел што носи поволност во Плејоф разигрувањето што ќе се игра на пролет. Партизан на домашен терен, пред полна сала победи со 31-27, а плејмејкерот Миха Котар се покажа како откритие на сезоната водејќи ги црно-белите од минус пет (3-8) до конечните плус четири.

Паралелно со женското ЕП во Европа, во Африка се играше АФКОН шампионат на кој победи репрезентацијата на Ангола. Во финалето Ангола беше подобра од Сенегал (27-19), па така овие две репрезентации заедно со Египет и Тунис обезбедија учество на СП 2025 во Германија и Холандија.

Клубот Вецлар каде што асистент тренер во првата екипа е Филип Миркуловски го доби со првостепена одлука спорот со државата која бараше да и се вратат околу 300.000 евра што Вецлар ги доби како помош во време на Ковид. Откако Вецлар оствари позитивен финансиски баланс, државниот округ реши да си ги бара назад парите. Случајот заврши на суд, предизвика големо внимание особено меѓу клубовите кои имаа добиено помош, а првата судска битка ја доби ракометниот клуб.


foto: RSS






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk