Суперлига: На ред доаѓа големото дерби

Комплетирано е 13 коло во Суперлигата, па докрајот на 2024 ќе се одиграат само уште две кола, а потоа следува собирот на репрезентацијата и традиционално јануарскиот настап на машката репрезентација на големо натпреварување. 
Немаше изненадувања, фаворитите си ја одработеа својата задача и следствено и табелата остана таква каква што беше и пред ова коло. Алкалоид одново е прв, Вардар е на делба на првото место, а со два бода зад нив е актуелниот првак Пелистер, па потоа Охрид на четвртото место. Сега со зголемена разлика меѓу водечките и уште позбиена табела меѓу четирите екипи што конкурираат за двете последни места во Плејоф разигрувањето. 

Големо дерби ќе се игра во следното коло кога во Битола ќе гостува екипата на Вардар 1961. 

РЕЗУЛТАТИ
КУМАНОВО - ТИКВЕШ  26-29
ВАРДАР - РАДОВИШ  33-12
АЛКАЛОИД - БУТЕЛ СКОПЈЕ  32-24
ОХРИД - ПРИЛЕП  38-29
Т. ПРОЛЕТ - СТРУГА  38-26
ПЕЛИСТЕР - БИСИНОВ  45-31

1 РК Алкалоид       13 12 0 1 464318 146 24
2 РК Вардар 1961  13 12 0 1 408 327 81 24
3 РК Е Пелистер    13 11 0 2 452 311 141 22
4 ГРК Охрид           13 10 0 3 415 316 99 20
5 РК Бутел Скопје  13 7 0 6 350 330 20 14
6 ГРК Тиквеш          13 6 1 6 361 368 -7 13
7 РК Прилеп            13 5 2 6 369 416 -47 12
8 РК Пролет 62       13 4 3 6 334 246 -12 11
9 МРК Куманово     13 3 0 10 347 404 -57 6
10 РК Бисинов ФЛ  13 2 1 10 329 429 -100 5
11 РК Струга           13 2 0 11 336 441 -105 4
12 РК Радовиш       13 0 1 12 297 456 -159 1

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk