Талант: Не бегам, ќе останам во 2035 ако треба!

Келце последниве две години е сериозно нападнат од Висла Плоцк која ги има под свое двата пехара во шампионатот, а во Лигата на шампионите годинава е чекор поназад од претходните сезони. 
Тренерот на тимот, Талант Душебаев, со години гради систем во овој полски клуб и го одведе до две финалиња на ЛШ, а сега отворено застана зад своите играчи и перформансот на екипата. 

„Имам понуди, никогаш нема да кажам од кого. Имам од разни екипи. Секој може да се јави и да разговараме за ракомет. Друго е да се прифати понуда. Но, останувам овде, реков, Келце ми е најважно. Не сум глушец па прв да го напуштам бродот. Никогаш не сум бил глушец, не бегам кога е тешко. Ако ми понуди Келце договор до 2035 ќе го потпишам без да го погледнам“, изјави Талант Душебаев за полскиот ТВП Спорт.
„Во Шпанија има закон во пензија да се оди на 67 години“, ќе работам до тогаш. Ако донесат закон да се продолжи тој рок и јас ќе бидам на терен подолго“, изјави 56 годишниот Киргистанец кој одамна има и шпански пасош. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk