Маестро Дибиров стана светски број 2

Легендарниот руски ракометар Тимур Дибиров, играч кој има и македонско државјанство, за два гола го мина на вечната листа на најдобри стрелци францускиот ракометар Никола Карабатиќ и сега е на второто место со 1200 постигнати погодоци во европската елита.

Ова остварување Дибиров го постигна играјќи за Чеховски медведи и Загреб, а врвот на кариерата и најдобрите ракометни денови крунисани со два победнички пехари од Лигата на шампионите ги оствари играјќи за Вардар.

На првото место со 1482 гола и уште многу години недостижен ќе биде Кирил Лазаров, најдобриот македонски ракометар.
Ова достигнување на Тимур Дибиров несомнено во иднина ќе му донесе и место во Куќата на славните и така ќе го добиеме и првиот брачен пар во ова елитно друштво имајќи предвид дека Ирина Дибирова (Полторацкаја) минатата сезона беше примена во Куќата на славните на ЕХФ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk