Суперлига: Бутел го предизвикува Алкалоид во Автокоманда

По одигрувањето на воведниот меч од 14 коло во Суперлигата во кој актуелниот првак Пелистер лесно излезе на крај со дебитантот Бисинов, денеска ќе се одиграат и другите натпревари од ова коло, по што ќе останат за одигрување само уште две кола пред да биде спуштена завесата во Суперлигата за 2024.
Во овие три кола ќе видиме неколку дуели на екипите од горниот дел, меѓунив и дербито во Битола каде што следното коло ќе дојде екипата на Вардар.
Во меѓувреме, во трката за првото место и бод повеќе во Плејоф меѓу водечките има три клуба. Во најповолна позиција е Алкалоид, но нема преголема комоција во трката со Вардар и Пелистер.
Денеска од 17:00 часот, Алкалоид на домашен терен го пречекува тимот на Бутел Скопје кој е традиционално незгоден противник на екипата на Кирил Лазаров.
Сите натпревари што ги играат Бутел Скопје, Тиквеш, Прилеп и Пролет се важни за актерите затоа што две од овие четири екипи ќе играат во Плејоф, две во Плејаут. Засега Бутел Скопје е во најповолна позиција, но има уште многу натпревари пред сите споменати во оваа интересена трка.


СУПЕРЛИГА 14 КОЛО
Е. ПЕЛИСТЕР - БИСИНОВ  45-31
15:30  КУМАНОВО - ТИКВЕШ
16:00  ВАРДАР - РАДОВИШ
17:00  АЛКАЛОИД - БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:30  ОХРИД - ПРИЛЕП
18:30  Т. ПРОЛЕТ - СТРУГА

 
1.
141202497:34224
2.
131201464:31824
3.
131201408:32724
4.
131003415:31620
5.
13706350:33014
6.
13616361:36813
7.
13526369:41612
8.
13436334:34611
9.
133010347:4046
10.
142111360:4745
11.
132011336:4414
12.
130112297:4561

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk