Голем чекор кон Плејоф во ЛШ за Пелистер

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВИСЛА ПЛОЦК 21-18 (12-10)
Митревски (13 одб), Ивиќ, Кузмановски 7,Тајник 4, Цехте 1, Ристевски, Кузманоски, Борзаш, Радивојевиќ 3, Костески, Абутовиќ, Петар А. 1, Павле А, Шабиб 2, Хосни 1, Пешевски 2

Македонскиот првак го совлада тимот на Висла Плоцк во еден од најважните натпревари во ЛШ сезонава и направи крупен чекор кон Плејоф во Лигата на шампионите.
Сега битолчани имаат шест бода, а тоа е два повеќе од Висла Плоцк во пресрет на последните четири кола. Меѓусебниот скор, е во полза на полскиот состав.
Битолчани ја заслужија во целост победата. Пелистер е поинаква екипа откако на тимот му се приклучи египетскиот пикер Шабиб, а со доаѓањето на Раул за тренер, се промени и стилот на игра. Под водство на шпанскиот тренер евидентно подобрување има во играта на Тајник што не беше случај на почетокот на сезоната.
Очекуваме, како ќе минува времето, така Раул да ја досреди екипата и да видиме до каде е нивниот максимум. Слабости демонстрираа и денеска, долги периоди немаа постигнато гол, но одбраната, особено вонсериоскиот Митревски ги скрија напаѓачките проблеми.
Што се однесува со Висла, пак... Гледајќи ги и вечерва и на претходниот меч, а и на други средби од ЛШ, енигма е како овој тим успеа да му ги земе титулите на Талант Душебаев со Келце. И уште една работа што никако не може да ни добие смисол е како во овој тим на Висла прекуброен беше Јапонецот Косуке Јасухира?! Но, добро е вака како што е, Висла следната сезона ќе биде поинаков состав, но затоа потоа.

Битолчани го контролираа првото полувреме, поведоа 3-1, потоа дојде еден лош период при резултат 6-6 за двата тима по што за момент поведоа Полјаците, но брзо се врати Пелистер во игра и по резултат 10-10, постигна два погодока и на одмор се замина со резултат 12-10.
Вториот дел почна со серија од 3-0 за Пелистер и водство од 15-10. Потоа и двата тим заборавија како се даваат голови. За вкупно 15 минути во вториот дел, Висла постигна само 1 гол, а Пелистер остана на тие три гола што ги постигна во првите три минути. По цели 12 минути, Кумановски погоди за 16-11.
Во последните десет минути се влезе со резултат 18-14, а на пет минути до крајот беше 19-16.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk