Прва селекторска смена на ЕП 2024

Првиот отказ од селекторската позиција по неуспешниот настап на Европското првенство, го врачи Ракометниот сојуз на Србија (РСС).

Словенецот Урош Брегар кој своевремено работеше и во ЖРК Вардар, веќе не е селектор на Србија објавија српските медиуми. Репрезентацијата на нашиот северен сосед настапот на ЕП 2024 го комплетираше со порази од репрезентациите на Црна Гора, Чешка и на Романија и првенството го заврши како последна во групата, а во вкупниот пласман е на 21 место.
Наскоро треба да се одржи и состанок на Уо на РСС на која ќе биде верификуваа оваа, но и смената на Борис Ројевиќ од кормилото на машката репрезентација и назначувањето на Раул Гонзалез за селектор на истата.

Во исто време, назначен е и нов директор на женската репрезентација, а таа функција и припадна на поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Сања Дамјановиќ односно Сања Вујовиќ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk