Пелистер - Висла, каде да гледате?

Македонскиот првак денеска во Битола ќе го игра можеби најважниот натпревар во евро-сезоната. Гости во „Боро Чурлевски“ се ракометарите на Висла Плоцк, скап и амбициозен полски проект кој по цела деценија успеа да го прземе приматот од Келце. Домашните успески, како и да е, не се пресликаа и во Лигата на шампионите, па така Висла Плоцк е во друштвото со Пелистер и Фредериција за последното место што води во елиминациите.
Плановите на овој полски тим се големи, но тоа главно се сведува на очекувањата од следната сезона кога таму ќе пристигне Мелвин Ричардсон, а можеби дури и Сандер Сагосен.
Годинава и нив и на Пелистер, приказната ќе им се сведе на дуелот во Битола, вечерва од 20:45 часот со директен ТВ пренос на каналот ТВ Арена Спорт 5.
Во составот на Пелистер денеска ќе го видиме и Ненад Костески кој долго паузираше поради повреда, Цветан Кузманоски ќе биде во игра, а ќе ги нема Дејан Манасков и Емилијан Ѓорговски.
И во составот на Висла има повратник, тоа е рускиот плејмејкер Димитри Житњиков кој беше повреден и не играше на нивниото претходно одмерување.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk