Обрван во немилост кај медиумите

Ивица Обрван одигра храбар потег пред Европското првенство и од списокот за настап на ЕП ги изостави нивните познати ракометарки Ќамила Мичијевиќ, Теа Пијевиќ и Валентина Блажевиќ. Имаше реакции во медиумите и во јавноста, но Обрван веруваше во избраните девојки и не се предомисли.

Но, избраните девојки не возвратија вистински на укажаната доверба. Хрватска очекувано загуби од Данска, потоа сензационално одигра само нерешено со Фарски острови и деморализирачки загуби од Швајцарија. Заврши на последното место во групата и на конечниот пласман е на позицијата 19, веднаш зад Македонија.
Тоа е најслабиот пласман на Хрватска во историјата, а посебно се огорчени затоа што пред само четири години беа на подиумот. Медиумите сега бараат одговорност.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk