Македонија на 18 место на ЕП, ќе биде во втор шешир за СП

Женската репрезентација на Македонија на тековното Европско првенство го освои 18 место од 24 репрезентации. Пласманот и прикажаното соодветствува со квалитетот на македонските ракометарки и конкуренцијата во која беа во Прелиминарната рунда од ЕП. 
Пласманот на оваа позиција значи дека во квалификациите за СП 2025 што ќе се игра во Германија и Холандија ќе бидеме во вториот шешир во плеј оф.

Македонија е најслабата третопласирана репрезентација на ЕП и затоа ќе биде заедно со репрезентациите на Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Италија, Израел, Косово и Литванија. Овие 11 репрезентации ќе бидат во вториот шешир, а во првиот ќе бидат селекциите на Ф. Острови, Исланд, Чешка, Австрија и Шпанија како и шест репрезентации од тековното ЕП што ќе бидат пласирани на позициите 12, 11... Меѓу овие шест нема да бидат вбројувани Германија, Холандија и Франција кои веќе се пласирани на СП.

Ждрепката за баражите за СП ќе се изрши на 15.12.2024 со почеток од 13:30 часот. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk