Тепачката ја плаќаат со неучество на СП!

Голманот на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Матеј Мандиќ, речиси сигурно ќе го пропушти Светското првенство што во јануари ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска пишуваат хрватските медиуми.
Матеј Мандиќ е опериран, здобил фрактура на лицето откако беше удрен од својот соиграч и како што велат (најдобар) пријател Милош Кос во соблекувалната по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Загреб и Нант (22-25). Паузата не е точно одредена, но се очекува да биде околу месец и пол. 
Суспензија заработи и Звонимир Срна кој сакал да се пресмета со Кос, но бил спречен од соиграчите. Како и да, додека суспензијата е на сила, нема да имаат право да настапуваат ниту клупски, ниту репрезентативно.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk