Иваноски во добар ритам во Србија

Македонскиот десен бек Михаил Иваноски кој како позајмен играч од Алкалоид насатпува во првенството во Србија, во екипата на Дубочица во последните три кола го зголеми просекот на постигнати голови.
По дуелот со Рудар на кој беше МВП и постигна осум гола, на следните два натпревари, против екипата на Динамо Панчево (30-32) и против Обилиќ (36-21), Иваноски беше стрелец на шест гола.
Неговата екипа, Дубочица, кај нас позната и по победите на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, со скор од 5-1-5, во моментов е на средината на табелата, на шестото место зад Ц. Звезда, Динамо, Металопластика и двата кандидати за пехарот, Партизан и Војводина.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk