Македонија трета во групата, на крајот ќе биде 17 или 18 место

Репрезентацијата на Шведска и направи голема услуга на македонската кога е во прашање конечниот пласман на тековното ЕХФ Еуро.
Откако одиграа нерешено на меѓусебниот дуел, Македонија и Турција зависеа од гол разликата за освојување на третото место при што Македонија имаше гол разлика -20, а Турција во пресрет на натпреварот со Шведска имаше -6.
Но, Шведска ја декласираше турската репрезентација и ја совлада со 47-19 и во конечниот пласман во групата Македонија го освои третото место.
Пласманот на ЕП од 13 до 18 место ќе го заземат третопласираните екипи во сите групи при што прво се гледа бројот на освоени бодови, потоа вкупната гол-разлика, па потоа бројот на постигнати голови и како четврто пласманот на најдобрата екипа од групата.

Македонија со еден освоен бод, ќе биде на 17 место или поизвесно на 18 место во зависност од денешните резултати на Хрватска или на Фарски острови.
Ако бидеме пласирани на 18 место, според нашите пресметки тоа нема да биде доволно за место во првиот шешир, туку како најслабо третопласирана репрезентација ќе се најдеме во вториот шешир од квалификациите за следното Светско првенство.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk