УНГАРИЈА - МАКЕДОНИЈА 29-19 (11-10)
Шацл 6, Фалувеги 4 - Ристовска 6, Јанкуловска 4...
Репрезентацијата на Македонија го заврши настапот на ЕП 2024 со пораз од 10 гола разлика од репрезентцијата на Унгарија. Меч, многу сличен на тој од првото коло против Шведска кој исто така заврши со разлика од 10 гола.
Македонија на овој меч имаше резултатски мотив, а тоа е ако губи, да загуби со што помала разлика и така да стигне до третото место во групата и евентуално првиот шешир од квалификациите за следното СП.
Во првиот дел резултатски беше одлична, само еден гол зад противникот, но во второто полувреме Унгарија комплетно доминираше. Имаа серија од 10-2 на почетокот на вториот дел домашните ракометари, а во финишот имаа и плус 11 што успеа Македонија да ги намали со луциден последен гол.
Сега Македонија има гол разлика -20, а нашиот ривал во трката за третото место, Турција има гол разлика -6 и вечерва ќе игра против Шведска.
Македонија има шанса да го освои третото место, но -20 не се ветувачки за да се избегне да биде најслабо третопласирана репрезентација, а со тоа и шансите за првиот шешир за СП се сведени на минимум.