Топ вести: Барса најде замена за Нилсен, нов договор за супер-крилото...

Елвар Орн Јонсон (фото), исландскиот бек кој настапува за екипата на Мелзунген во јуни ќе си замине од тимот на Гарсија Парондо. Јонсон потпиша договор со поранешниот европски и германски шампион, Магдебург и од септември ќе го гледаме во нивниот дрес.

Иако имааа договор до 2026, Барса и десното крило Алеиш Гомез се договорија за продолжување на соработката за уште три сезони и тој ќе остане нивни играч до 2029 година.

Барса се чини најде замена за Емил Нилсен кој извесно во 2026 ќе игра за унгарскиот тим Веспрем. Покрај исландскиот голман Виктор Халгримсон кој во јуни доаѓа како замена за Гонзало Варгас (Кил) во редовите на Барса во 2026 би требало да се пресели и голманот на Магдебург, Сергеј Хернандез.

Репрезентативецот на Холандија, Кај Смитс, најверојатно ќе замине од екипата на Флензбург на крајот на сезоната. Неговиот следен клуб, исто таке е Бундеслигаш, би требало да се пресели во екипата на Гумерзбах.

Photo: MT Melsungen
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk