Малку бебиситер, малку на ЕП...

Норвешкиот голман Катрине Лунде се договори со стручниот штаб на репрезентацијата да го прекине настапот на ЕП 2024 во Прелиминарната рунда и потоа одново на да му се приклучи на тимот во Виена, кога ќе се игра Главната рунда.
Стручниот штаб на чело со Торир Хергеирсон го прифати нејзиното барање, затоа што алтернативата беше таа комплетно да го прекине настапот на ЕП.
Катрине Лунде МВП на последните Олимписки игри, ќе се врати дома, а тоа е во Србија, за да ја чува својата ќерка, затоа што и нејзиниот сопруг има обврски.
Нејзиниот сопруг е Никола Трајковиќ, од неодамна тренер на ФК Младост, екипа која во фудбалското првенство на Србија во моментов е на третото место, веднаш зад Ц. Звезда и Партизан.

Photo credit: By Wenflou

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk