Пелистер казнет за расистичко навивање

Европската ракометна федерација му изрече казна од 6.000 евра на македонскиот првак Пелистер од кои 1.000 евра се условни во рок од две години поради недоличното однесување на навивачите.

ЕХФ констатирал дека на натпреварот меѓу Пелистер и Фредерација, ракометари на данскиот тим биле навредувани на расна основа и врз основа на тоа клубот ќе мора да плати казна.

По 3.500 евра казна ќе платат Олимпијакос и Турда, затоа што членови на нивните тимови што требало да седат на клупата, влегувале на терен за време на натпреварот одигран во Романија.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk