Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска од 18:00 часот се среќава со еден од домаќините на ЕХФ Еуро, репрезентацијата на Унгарија во натпревар на кој ќе се обиде да стигне до третото место кое евентуално би можело да ни донесе полесен противник во квалификациите за СП 2025.
Македонија ќе игра со Унгарија, Турција ќе игра против Шведска. Реално е да очекуваме двата фаворити да остварат победа, но натпреварот меѓу Македонија и Турција што заврши нерешено (25-25) во второто коло, сѐ уште не е завршен.
Македонија и Турција ќе се борат, овој пат на различни натпревари за гол разлика што ќе значи трето место. Во моментов Македонија има гол разлика -10, Турција има гол разлика -6.
Што се однесува до трката на сите третопласирани, четири екипи веќе имаат освоено два бода , но по нерешениот натпревар меѓу Хрватска и Фарски острови, овие два тима, ако денеска загубат од Швајцарија односно Данска, ќе бидат единствениот третопласиран со кој можеме да се тркаме ако го освоиме третото место. Хрватска патем има -8 гол разлика, Ф. Острови – 3.
Македонија и Унгарија ќе играат со почеток од 18:00 часот, а ТВ пренос ќе има на каналот ТВ Арена Спорт 1.
Турција ќе го има луксузот да знае точно каков резултат и одговора, затоа што ќе игра против Шведска од 20:30 часот.
Хрватска и Ф. Острови, пак, ќе играат утре и исто така ќе знаат каков резултат им треба за да одат во првиот шешир во баражот за следното СП.
Поврзани вести