Германците се затруле со храна во Шведска

Бундеслигашкиот натпревар меѓу екипите на РНЛ и Гумерзбах е одложен затоа што неколку ракометари на Гумерзбах се затруле со храна.
Проблемите на тимот на Гудјон Валур Сигурдсон почнале во Шведска, каде што Гумерзбах гостуваше во рамките на ЕХФ Европската лига. По натпреварот со Севехоф, меч што Гумерзбах го доби со 28-25 и вечерата во хотелот, неколку играчи добиле дијареа и други силни знаци на труење со храна.
Ситуацијата отишла до таму што дел од играчите го пропуштиле летот за Германија и останале да се лечат во Шведска, а дел од играчите лекарска помош побарале веднаш по слетувањето.


Photo: Daikin Handball Bundesliga
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk