Фудбалот го спаси ракометот во БиХ

Фудбалската федерација на БиХ го спаси ракометот во земјата од суспензија од ЕХФ што беше неминовна откако поранешниот селектор Ивица Обрван го доби спорот со Ракометниот Сојуз на БиХ поради неисплатени финансиски обврски во висина од околу 139.000 евра.

Фудбалскиот сојуз на БиХ ја уплати сумата што Ракометниот сојуз не можеше да ја обезбеди и репрезентациите, клубовите и службените лица од БиХ и натаму ќе можат да учествуваат во европските натпреварувања.

Извор: RSBiH

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk