Македонскиот Алкалоид ќе почека до вторник за да го дознае противнико во славенатото коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Денеска ќе се комплетира третото коло во ова натпреварување, но списокот на можните противници на македонскиот клуб во 1/8 финалето е прочистен и има само една непозната, а таа е дали Целје или Рунар ќе се најдат меѓу можните противници. Првиот натпревар заврши со неочекувано голема победа на Норвежаните од 13 гола разлика.
Од третото коло ќе издвоиме и нов подвиг на Горан Андоновски како тренер на косовскиот тим Раховец кој откако дома загуби од романската Баја Маре со седум гола разлика, на гостински терен победи со пет гола плус. Тоа е крај за косовскиот тим во ЕХФ Куп сезонава, но нема по што да жалат, играа со противник кој е барем едно ниво повисоко и успеаја да го победат и тоа на гости.
За одбележување е и настапот на романската Турда која откако го елиминираше Охрид, се сретна со Олимпијакос и дома беше поразена со 27-32, но во Атина водеше 31-27 и имаше напад во последните 20 секунди. Погодок ќе значеше шутирање на пенали, но не успеаја да постигнат гол.
Во Љубушки, пак, се шутираа пенали. Мечот меѓу Извиѓач и Мотор заврши со еден гол победа на Извиѓач, а минимално победи и Мотор на првата средба па решаваа седмерците. Семеченко го промаши пеналот во десеттата серија и Извиѓач се пласираше во Топ 16.
Според промените во рејтинго што ние сами ги пресметавме списокот на можни противници на Алкалоид за ждрепката во вторник сега изгледа вака:
Извиѓач (БиХ), Баја Маре (Ром), Бриксен (Ита), Крка (Сло), Диомидис (Грц), Олимпијакос (Грц), Хаукар (Исл)/Ќур (Азе), Целје (Сло)/Рунар (Нор)
ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП
РЕЗУЛТАТИ:
Алкалоид (МКД) – Вест Виена (Аут) 38-27, 32-29
Драмен (Нор) - Леотар (БиХ) 33-30, 32-21
Полва (Ест) - Бешикташ (Тур) 26-24, 27-32
Бистрица (Свк) - БК-46 (Фин) 28-31, 26-34
Арендал (Нор) - Диомидис (Грц) 19-23, 33-36
Бриксен (Ита) - Ловосице (Чеш) 32-26, 34-29
Турда (Ром) - Олимпијакос (Грц) 27-32, 31-27
Пореч (Хрв) - Крка (Сло) 21-23, 24-29
Кремс (Аут) - Партизан (Срб) 25-24, 20-30
Раховец (Кос) - Баја Маре (Ром) 31-38, 40-35
Мистра (Ест) - Јерузалем (Сло) 30-34, 26-35
Мотор (Укр) - Извиѓач (БиХ) 33-32, 39-41
Денеска:
Хаукар (Исл) - Ќур (Азе) 30-25
Анортозис (Кип) - Винтертур (Шва) 37-28
Рунар (Нор) - Целје (Сло) 41-28
АЕК (Грц) – Ловќен 45-26
Поврзани вести