Македонија и Турција ги поделија бодовите на ЕП

МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА  25-25 (12-15)



Македонија и Турција одиграа нерешено во второто коло од ЕХФ Еуро во борбен натпревар со многу грешки на двете страни, но и многу мотив, карактер и бескомпромисност.

Турција водеше 15-12 на полувреме, но Македонија во вториот дел ја засили одбраната и го скри својот гол цели 12 минути. Притоа успеа да поведе (22-20), а во процесот промаши и неколку изгледни шанси, односно голманот на Турција, Мерве Ербекташ (9 одб) имаше неколку блесоци и го спаси турскиот тим.

Турција успеа да го прекине постот во последните 10 минути, а потоа се играше гол за гол, период во кој и двата тима имаа шанса да го прекршат мечот во своја полза. Имаше и добри моменти и лоши, конечно, Турција напаѓаше цела минута во последниот напад за помалку хаотичните судии од Норвешка да го избуткаат натпреварот до реми.

Во репрезентацијата на Македонија се истакнаа играчот на натпреварот, Сара Ристовска со осум постигнати голови, голманот Јована Мицевска која имаше седум одбрани, но дел од нив беа клучни за резултатот, потоа Кипријановска, Џатевска, Маџовска, односно заслужија за прикажаната борбеност и карактер пофалби сите девојки како колектив, особено во одбраната и осбено во второто полувреме.
Третото место во групата сега ќе и припадне на репрезентацијата што ќе има подобра гол разлика како прв критериум. Во моментов Македонија има -10, Турција има -6. Македонија во последното коло ќе игра со Унгарија, Турција ќе игра со Шведска.
Првенството нема да се сведе на овој „сѐ или ништо“ натпревар, сега ќе мора да се брка и гол разликата.
Во остварување на конечната цел, пак, а таа е место во првиот шешир во ждрепката, нерешен резултат е нешто што не им одговара и на двата тима.

Една репрезентација што ќе биде третопласирана ќе биде во вториот шешир, а првиот критериум по кој се рангираат третопласираните екипи е освоени бодови. Еден освоен бод во оваа консталација не е ветувачки за конечниот пласман.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk