Алкалоид ќе презими во Европа, обезбеден е Топ 16

ВЕСТ ВИЕНА – РК АЛКАЛОИД 29-32 (12-16)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Филип Фанер и Лукас Кубиш од Полска. Делегат: Борис Ивановиќ од Србија
ВЕСТ ВИЕНА: Вејк 1, Единове, Мелезинг 4, Мостл 3, Дердак 3, Г. Кофлер 1, Драгер 2, Беркоп 2, Хубер 2, Фристик, Фајфер 2, Бруславски 4, Гарејс 4, Пајер, Вигфри, Ј. Кофлер
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски (5 одб), Кизиќ (7 одб), Џонов 3, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 7, Карасманакис, Стојковиќ 1, Митев 3, Ѓоргиев 1, Велковски 1, Бинго 2, Франциско 2, Симоноски 3, Петковски 7, Савревски 2
Седмерци: 4/5 Исклучувања: мин. 4 мин,

Македонија ќе има претставник во ЕХФ Европскиот Куп и во пролетниот дел од сезоната откако Алкалоид вечева го потврди пласманот во Топ 16 на ова натпреварување.
По триумфот над Вест Виена на првиот натпревар одигран вчера со 11 гола разлика (38-27), Алкалоид вечерва го потврди пласманот и во вторник ќе го чека противникот со кого ќе ги одмерува силите во 1/8 финалето.
За разлика од првиот натпревар, денеска ритамот на мечот беше многу помирен и во воведните минути се играше на поставени одбрани при што и двата тима имаа доста неискористени шанси.
Кристијан Симоноски доби шанса на овој натпревар и постигна три од првите пет гола за Алкалоид кој, пак, водеше 5-4 по 10 минути игра. Натпреварот почна да добива и препознатлив ритам, но не беше блиску до вчерашното тркачко шоу. Реализацијата и на двете страни не беше нешто со можат да пофалат, па по 17 минути игра кога беше повикан и првиот тајм аут за условно домашните, резултатот беше 8-7 за Алкалоид.



По 20 минута Алкалоид влезе во серија од 5-0 и стигна и до плус седум гола на салдо (15-8). Но и Австријците вратија со серија од 4-0 и намалија на 12-15, пред да биде поставен конечниот резултат по 30 минути (16-12).
Александар Петковски имаше свои моменти на почетокот на вториот дел и ја одржуваше разликата која во 40 минута беше пет гола (23-18).
Лазаров на овој меч имаше луксуз да ротира повеќе и да дава шанса на повеќе ракометари без притоа да стравува за резултатот.
Конечно, Алкалоид запиша и втора победа, а на македонската публика и сервираше два убави натпревари крунисани со пласман во следна рунда. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk